Трета лигаФудбал

Ренова го доби Напредок, Камјани слави во Брвеница, пораз за Речица!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Дербито на двата поранешни прволигаши го доби Ренова, откако со 2:3 славеше над Напредок во Кичево, а во рамки на 16. коло на Трета лига – Запад.

Абдулахи постигна гол во 16. минута за 0:1 на полувреме, а потоа со втор гол во 56. минута обезбеди 0:2. Следуваа два гола за Напредок, Симјаноски и Зафироски постигнаа голови за 2:2. Но, сепак финишот понуди уште еден гол откако Ермаил Саити погоди во 96. минута за конечни 2:3 и голема победа за Ренова.

Кајмани ги собра трите бодови во Брвеница откако со 1:2 го доби тимот на Вардар. Берзати погоди по осум минути игра за 0:1, во вториот дел Јованоски израмни на 1:1. Сепак во 86. минута од мечот гостинот преку Салии дојде до конечните 1:2.

Добришти на домашен теренсо 2:1 забелеѓа победа преку пресврт на Речица, откако гостинот со голот на Зибери на полувреме имаше 0:1. Во вториот дел Илјази постигна гол за 1:1, а во 65. минута Муареми ги постави конечните 2:1.

Џепчишти во меч со пет гола беше подобар од Велазерими од Слатино (3:2). Само еден гол во првиот дел за 1:0 откако погоди Синани. Во вториот дел Садики погоди за 2:0 во 54. минута, а потоа намали Вељии на 2:1.


Сепак домашниот тим преку Азиз зголеми на 3:1, а пак Мемиши ги постави конечните 3:2.

Натпреварот меѓу лидерот Тетекс и Зајази не се одигра, бидејќи гостинот по 30 минути чекање не се појави на теренот. Ова ќе значи и службена победа за „штофарите.“


Натпреварот меѓу Дрита и Влазерими ќе се одигра на 23 април, бидејќи обилните врнежи од дожд не дозволуваа игра.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од првото коло, кои донесоа голем број на погодоци. Дрита на домашен...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

Трета лигаФудбал

Куманово со висок триумф над Јуниор од Доброшане, дебитантот од Крива Паланка тргна со пораз

Куманово со сигурна победа ја отвори новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!