Ракомет

Дебакл на Радовиш во Велес – Форец ФЛ му го зеде скалпот на „фенерџијата“

Сподели
Сподели

Катастрофален натпревар на Радовиш и нов пораз откако загуби од Борец ФЛ со резултат од 31:24 во рамки на 2. коло на плеј-аутот на Суперлигата, со што пред Радовиш ќе биде се потешка мисијата за директен опстанок бидејќи тимот на Игор Котевски останува со нула бодови на своето конто, а пак Борец ФЛ и Струга имаат по три бода.

Борец ФЛ одлично го отвори натпреварот и постојано имаше предност на натпреаврот, а во 19. минута од натпреварот дојде до 10:6 за плус четири што беше највисока предност на велешани во дуелот со Радовиш. По украдена топка Черубим постигна гол за плус 5 за 11:6. Во финишот на првиот дел Борец ФЛ дојде до највисоките плус шест кога резултатот беше 15:9.

На стартот од вториот дел Миланов постигна гол од пенал за 16:9 и највисоки плус седум за домашниот тим. Во вториот дел велешани ја зголемуваа разликата кога резултатот беше 17:9, а Радовиш во второто полувреме пет минути беше без гол, а потоа Миланов го постигна својот осми гол на мечот за 18:9, со што велешани продолжија да ја полнат мрежата на Радовиш.

Домашниот голман ја спушташе ролетната во вистинско време и со тоа Борец ФЛ имаше напад за двојна предност откако беше постигнат гол за 19:9, а Радовиш беше седум минути без гол, откако Димов беше стрелец на голот за двојна предност на плус десет.

На 22:14 негатива за Радовиш, Котевски повика тајм-аут, но ништо не се промени. Борец ФЛ ја одржуваше висока предност и не му дозволуваше на противникот да дојде до ситуација да направи пресврт на самата игра.

На крај Борец ФЛ го доби мечот со 31:24 за важна победа во трката за опстанок над главниот конкурент.

Марио Миланов беше најдобар стрелец кај Борец ФЛ со 12 гола, а пак Ивица Илиев беше прво име кај Радовиш со седум гола.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!