ФудбалФутсал

ОФИЦИЈАЛНО: Форца ја одбрани шампионската титула во Првата футсал лига на Македонија!

Сподели
Сподели

На три кола до крајот официјално Форца е старо-нов шампион во Првата футсал лига на Македонија.

Форца вечерва со 4:5 славеше против Бутел победа со која ја одбрани титулата во футсал елитата на Македонија. Првиот дел беше неизвесен резултатот беше 1:1, а во вториот дел Форца го доби мечот.

За домаќинот во првиот дел погоди Филип Јаневски, а во вториот дел стрелци беа Ненад Тодоровски, Никола Илијоски и Зоран Тасески, а пак за шампионот Форца двоен стрелец беше Јасир Зекири, кој еден гол постигна во првиот, а еден гол во вториот ден, а стрелци беа и Иван Крстевски, Берат Рамадани и Артин Јунузи, откако стрелаа во вториот дел од мечот.

На овие 15 одиграни натпревари шампионот Форца има 14 победи и еден пораз, го има најефикасниот напад со постигнати 101 гол.

Црна Река на домашен терен со 5:3 го доби тимот на Јувентус Серава, важна победа за тимот од Кавадарци во трката за опстанок во Првата футсал лига.

Андреј Јаневски и Петар Ристовски беа двојни стрелци за домашниот тим, а еден гол во вториот дел постигна и Зоран Павлов. За гостинската екипа по еден гол постигнаа Керим Мамуд во првиот дел, а во вториот дел стрелаа Сами Аљиљи и Армандо Алијевиќ.

Клими го доби дербито со Осогово од Крива Паланка со 3:2 со што тимот од Кавадарци сега е на второто место на табелата.

До победата Клими дојде преку пресврт. Михаил Павловски постигна гол во 3. минута за 0:1, пет минути подоцна Петар Левков постигна гол за 1:1, а пак во 16. минута Никола Стојмировски погоди за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел со два брзи гола на Мартин Никовиќ екипата на Клими направи пресврт за победа.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа, екипата на Шкупи со 4:6 загуби од Кеги Моби на домашен терен. Двојни стрелци за Шкупи беа Зекир Зејнели и Бурак Мемедов, додека пак за гостинската екипа двоен стрлец беше МохамедАхмедов, а по еден гол постигнаа Бобан Дукадиновски, Ангел Гаштев и Кирил Ивановски, а пак Дионис Укшини си постигна автогол.

Колото ќе се комплетира утре со мечот во Гевгелија меѓу Проект и Железарец кој е пред испаѓање во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Мелиќи: Привилегија е да бидам дел од А репрезентацијата, против Швајцарија ќе дадеме максимум

Прв повик во А репрезентацијата доби и Анес Мелиќи, фудбалерот на Шкендија. За младиот играч, повикот меѓу најдобрите е голема чест, но воедно...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација денеска го одржа првиот собир во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации. Во рамките на сегментот Б, избраниците...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!