Трета лигаФудбал

Трите бодови останаа во Делчево, лото победа за Слога Виница во Струмица, нема голови во Берово

Сподели
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од 11. коло на Трета лига – Исток кои беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Два натпревари завршија без погодоци, во Берово екипите на Малеш и Светлост од Зрновци ремизираа играјќи 0:0, а реми без голови имаше и на мечот меѓу Карбинци и Дојранско Езеро (0:0).

Трите бодови остана во Делчево откако екипата на Брегалница со 2:0 го доби некогашниот прволигаш Хоризонт Турново. Резултатот го отвори Дарко Пешовски во 18. минута за 1:0, а на стартот од вториот дел новото засилување Јован Дојчинов постигна гол за 2:0.

Во 57. минута Филип Димитровски поради два жолти картони беше исклучен од игра, па Брегалница Делчево до крајот беше со играч помалку на терен, но немаше тоа влијание врз конечниот резултат.


Сосема беше очекувана високата победа за Слога Виница, која со 0:7 ја декласираше последнопласираната Тиверија. Тимот на Емил Грнев дојде до лото победа преку двојниот стрелец Игор Ѓорѓиев, а по еден гол постигнаа Филип Петковски, Иван Настевски, Петар Љамчевски, Александар Илиев и Октај Амедов.

Овче Поле со 4:1 го декласираше тимот на Ударник од Пирава, со што домашниот тим ја оправда фаворитската улога. Резултатот го отвори Димитар Стојановски со гол во 4. минута, а до крајот на првиот дел Јорданчо Трендафилов постигна два гола за 3:0 на полувреме.


Во 78. минута Марио Панев погоди за 4:0, а пак Адријан Спасиќ во 87. минута постигна гол за ублажување на поразот на 4:1.

Веќе во понеделник се играат натпреварите од 12. коло на Трета лига – Исток.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!