Три натпревари од 22. коло завршија без погодоци и поделба на бодовите. Победа откина бодови од фаворитот Башкими, откако двете екипи во Прилеп ремизираа без голови (0:0).
Таков беше исходот и во Неготино, каде Вардар и Детонит Плачковица ги поделија бодовите играјќи без голови (0:0), а домашниот тим може да жали бидејќи не реализираше пенал.
Во 59. минута Јован Качевски покажа на белата точка, а одговорната ја превзема Давид Спасов, но неговиот удар го одбрани Димитар Ѓоргиев. Поради два жолти картони голгетерот Дамјан Масевски во 85. минута беше исклучен од игра.
Во најемотивниот момент за цела нација Осогово го одигра првиот домашен меч после големата трагедија, успеа да извлече бод од тешкиот меч со Македонија ЃП играјќи 0:0.
Натпреварот започна со минута молк, а фудбалерите на терен излегоа со црни маички во знак на почит кон трагично загинатите 59 лица во дискотеката во Кочани.
Во 59. минута натпреварот застана, а публиката на Градскиот стадион во Кочани стана на нозе и со аплауз се оддаде почит кон загинатите.

Шанси и моменти имаат и двете екипи, „лавовите“ имаат неколку стопроцентни шанса, но немаа среќа во завршницата, Осогово беше добро поставен во одбраната и чекаше контра, имаше неколку одлични ситуации, но мрежите мируваа и на двете страни.
Повеќе од јасно е дека Осогово е задоволен со бод од овој за нив тежок меч на домашен терен.
Најмногу од оваа ситуација доби Брегалница, која со 0:2 славеше во Гевгелија против Кожуф и со тоа се доближи одново на два бода од водечките Македонија ЃП и Башкими.
Димитриј Попоски во 15. минута постигна гол за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Иљаз Чиљафи ги постави конечните 0:2
Беласица преку пресврт во три минути ја доби Каменица Саса и ја продолжува победничката серија, откако струмичани славеа со 1:2. Мрежите во првиот дел мируваа, а во второто полувреме Тони Мичковски постигна гол за 1:0 во 60. минута.
Струмичани во 82. минута израмнија преку автоголот на Дарко Алексовски, а само три минути подоцна Огнен Здравковски постигна гол за 1:2.
Борец влезе во големата резултатска криза откако загуби и денес од Скопје со 2:1 во Автокоманда, со што велешани сега се уште подалеку од борбата за опстанок во Втора лига.
Ерион Шуку во 45. минута погоди за 1:0 водство на Скопје, а веднаш потоа Матеј Панов во судиското надополнување погоди за 1:1 на полувреме. Во второто полувреме Стефан Богдановски постигна гол во 74. минута за 2:1 и победа на „пиратите“.
Новаци стави крај на резултатската криза откако со 2:1 го доби Охрид на домашен терен, во клучен момент важна победа за тимот на Дарко Крстески. Бобан Здравевски постигна гол во 29. минута за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Ерен Парталко погоди за 1:1 во 52. минута, а само шест минути подоцна Здравевски погоди за конечни 2:1.
Натпреварот во Богданци меѓу Вардарски и Арсими не се доигра, откако истиот беше прекинат на полувреме при резултат од 1:2 за гостинот од Чегране. Натпреварот се прекина бидејќи теренот беше поплавен и немаше услови за игра.

Во првиот дел Вардарски прв дојде до водство преку Даријан Трајчов во 15. минута од натпреварот, а потоа брзо Арсими направи пресврт откако Албан Таипи во 36. минута погоди за 1:1, а во 40. минута најдобриот стрелец на Арсими, Аљбин Рамадани постигна гол за пресврт од 1:2 на полувреме.
Но, бидејќи теренот беше буквално под вода натпреварот не продолжи.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА:
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД | 22 | 15 | 4 | 3 | 41 | 8 | +33 | 49 |
| 2 | АД ФК Башкими 1947 Куманово | 22 | 15 | 4 | 3 | 38 | 17 | +21 | 49 |
| 3 | ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД | 22 | 14 | 5 | 3 | 33 | 18 | +15 | 47 |
| 4 | ФК АРЕСИМИ-1973 | 21 | 13 | 3 | 5 | 37 | 19 | +18 | 42 |
| 5 | ФК СКОПЈЕ АД | 22 | 8 | 10 | 4 | 27 | 19 | +8 | 34 |
| 6 | ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА | 22 | 7 | 11 | 4 | 28 | 20 | +8 | 32 |
| 7 | ФК КАМЕНИЦА САСА | 22 | 9 | 5 | 8 | 36 | 30 | +6 | 32 |
| 8 | ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС | 22 | 9 | 5 | 8 | 26 | 25 | +1 | 32 |
| 9 | ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА | 22 | 7 | 10 | 5 | 22 | 18 | +4 | 31 |
| 10 | ФК БЕЛАСИЦА АД | 22 | 8 | 7 | 7 | 27 | 24 | +3 | 31 |
| 11 | ФК ПОБЕДА АД | 22 | 6 | 5 | 11 | 23 | 29 | -6 | 23 |
| 12 | ЗФК НОВАЦИ 2005 | 22 | 6 | 5 | 11 | 21 | 29 | -8 | 23 |
| 13 | ГФК ВАРДАР Неготино | 22 | 6 | 3 | 13 | 26 | 41 | -15 | 21 |
| 14 | ГФК ОСОГОВО | 22 | 4 | 5 | 13 | 19 | 38 | -19 | 17 |
| 15 | ФК БОРЕЦ 1919 АД | 22 | 2 | 4 | 16 | 13 | 40 | -27 | 10 |
| 16 | ФК ВАРДАРСКИ | 21 | 2 | 2 | 17 | 15 | 57 | -42 | 8 |