ФудбалЧетврта лига

ОФС Струмица ќе формира Општинска фудбалска лига за следната сезона 2025/2026

Сподели
Сподели

Од следната натпреварувачка сезона 2025/2026 Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица ќе формира општинска лига или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Сите заинтересирани клубови од општина Струмица, Ново Село, Босилово, Василево и општина Радовиш може да пријават учество за следната сезона. Рокот за пријавување е до 20. август 2025 година.

„Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица со задоволство објавува иницијатива за формирање на нова Општинска фудбалска лига за сезоната 2025/26. Оваа лига има за цел да ги обедини локалните фудбалски клубови и да го поттикне спортскиот дух во нашата заедница“, велат од ОФС Струмица.

Почетокот на сезоната, како и натпреварите ќе бидат договорени дополнително, а категоријата на натпреварување е сениори.


Сите кои се заинтересирани за пријавување можат да контактираат на 071 399 659 и 071 234 414, како и на ofs.strumica@hotmail.com

„За повеќе информации и детали околу правилата и форматот на натпреварите, ќе бидете дополнително известени по завршувањето на процесот на пријавување. Ве охрабруваме да бидете дел од оваа иницијатива и да придонесете кон развојот на фудбалот во нашите општини“, дополнуваат од ОФС Струмица.


Веќе неколку сезони нема Општинска фудбалска лига во Струмица, ниту во Радовиш, а потегот на раководството на ОФС Струмица и претседателот Илија Илиев е за поздравување со тоа што ќе се врати локалниот фудбал, ќе има можност за развој на истиот во гореспоменатите општини, а од каде ќе може да се влечат фудбалери во екипите од овој регион кој се натпреваруваат во повисок ранг на натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Пелистер Волеј ја задржа својата надеж – Мила Андоновска останува во Битола

Женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј продолжува да го гради тимот за новата натпреварувачка сезона, а раководството обезбеди продолжување на соработката со младата одбојкарка...

Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица, влегува во највозбудливата фаза. Вечерва стартува осминафиналето, каде што...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се...

Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Беласица подобра од Кожуф на пријателски натпревар

Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!