Ракомет

Охрид го промовираше српскиот стратег Борис Ројевиќ, охриѓани ќе се засилуваат и со голман и лев бек

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Амбициозниот клуб покрај Охридското Езеро, денес го  потпиша договорот со тренерот- Борис Ројевиќ. Веќе е познато дека тој ќе го води тимот од следната сезона, откако потпиша договор со Охрид до 2028 година. Тој со себе носи и кондиционен тренер- Андрија Њаради, кој е син на легендарниот тренер Ненад Њаради.

Српскиот ракометен стратег ќе биде на чело на клубот во наредните три сезони, а претходно работеше во РК Војводина од Нови Сад, Србија, каде остави голема трага, освојувајќи голем број домашни и меѓународни трофеи.

Исто така, тимот на Охрид ќе биде засилен и со доаѓањата на Предраг Вејин, Тилен Стрмљан и Николаос Лиапис. Ројевиќ нагласи дека се очекува да пристигнат уште лев бек и голман, а потоа, доколку има потреба, тимот дополнително ќе се засили и во јануари.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Ракомет

(ВИДЕО) Драчево Јуниор реагира на судењето против Радовиш: Бараме само еднакви услови

Драчево Јуниор ремизираше против Радовиш во гости играјќи 33:33 во меч од...

Ракомет

ВИДЕО: Драматично реми на Радовиш и Драчево Јуниор, Трајчевски со девет гола но Преспа загуби, радост за штипјани

Драматична завршница имаше натпреварот во СРЦ „25 Мај“ откако Радовиш и Драчево...

Ракомет

Победа со горчлив вкус: Тиквеш го совлада Еш, но остана без Европа!

Тиквеш се збогува со европската сцена и покрај победата над Еш од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!