Трета лигаФудбал

Влазерими и Тетекс ремизираа, реми и на Ренова, Џепчишти се „распука“ на стартот од сезоната

Сподели
Сподели

Со три натпревари беше отворено првото коло во Третата македонска фудбалска лига – Запад, а на стартот од истата вицешампионот Џепчишти се „распука“ и забележа победа од 0:4 откако триумфираше над Речица.

По два погодоци постигнаа Арлинд Алији и Ментар Саљиу за голема победа над Џепчишти.

Ланскиот второлигаш Тетекс ремизираше против ланскиот шампион Влазерими кој не го помина баражот за Втора лига, откако двете екипи одиграа 1:1.

„Штофарите“ од Тетово први стигнаа до водство со голот на Мертион Салији во 27. минута од мечот, а во вториотдел Ален Думоски во 73. минута погоди за конечни 1:1.

Некогашниот прволигаш Ренова одигра реми 3:3 против Доброште на стартот од новата сезона. Практично оваа беше дуел на две екипи кои лани настапуваа во ОФЛ Тетово.

„Гипсарите“ испуштија три гола предност откако на полувреме имаа 3:0 со погодоците на Генц Јакупи, Ријад Османи и Ермаил Саити. Во вториот дел Изаир Фетаи си постигна автогол, а потоа Харис Сулимани намали на 3:2. Во финишот на мечот Бетим Етеми погоди за 3:3.

Денес на програмата се останатите три натпревари. Љуботен ќе се соочи со Вардар 2022 од Брвеница, Камјани против Дрита, а пак Велазерими од Слатино против Зајази.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!