Академија Илинден со триумф од 2:0 над Кадино ја започна новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север, во воведниот меч на првото коло.
Резултатот беше отворен во 26. минута со голот на Јусуф Јакуповски во 26. минута за 1:0 на полувреме. На стартот од вториот дел падна веднаш гол со што домаќинот дојде до двојна предност, откако погоди Енсар Сулемани во 47. минута од натпреварот.
До крајот останаа неискористени шансите за погодок и кај двете екипи, па резултат од 2:0 стана конечен.
Првото коло ќе се комплетира денес, а денешниот натпреварувачки ден ќе биде отворен со дербито на колото меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново во 11 часот, а на останатите средби од 15:30 часот се среќаваат Фортуна со Башкими Љуботен, Беса Влазрими со Риниа, Ржаничино со Еуромилк ГЛ, Њу Старс со Пчиња, и Аеродром домаќин на Куманово.