Трета лигаФудбал

ФОТО: ФК Тиверија продолжува со активности за подобрување на условите на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“

Сподели
Сподели

Третолигашот Тиверија од Струмица продолжува со активностите за подобрување на условите на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“.

ФК Тиверија на својот терен ги санираше делегатската и двете кабини за резервни фудбалери кои беа во лоша состобја.

„Продолжуваме со активности и во наредниот период кој следи се со цел да ги подобриме условите на игралиштето за сите корисници на истото“, велат од клубот.

Кабината на делегатот и двете за резервни играчи беа оштетени, искршени, но сега клубот кој го доби овој терен како свој дом истите ги санираше, а во иднина од клубот најавуваат продолжување на овие активности со цел теренот да биде во одлична состојба како тренирање, така и за играње на натпревари.

ФОТО: Кабината за резервни играчи пред санацијата

Претходно, исто така ФК Тиверија организираше вакви акции со цел санација на теренот и овозможување значително подобри услови на самиот терен, беа санирани оштетените делови од мрежата околу теренот, беше исчистен целиот терен и просторот кај трибината.

ФОТО: Кабината за резервни играчи после санацијата

Инаку, минатата година на 15. ноември беше донесе одлука од страна на Советот на општина Струмица за давање на трајно користење на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ на фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица, со што за клубот тоа е историски момент бидејќи клубот опстојува повеќе од 100 години и конечно доби свој фудбалски терен.

Екипата на Тиверија настапува во Трета лига – Исток, а во сабота (29. март) на овој терен како домаќин ќе се соочи со лидерот Слога од Виница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Четврток за промени во Втора лига: Охрид и Работнички атакуваат на врвот, Детонит и Тетекс ќе бараат позитивен резултат

Во четврток Втората македонска фудбалска лига може да добие нов лидер, но истовремено одложените натпревари од второто коло може дополнително да ја усложнат...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!