Ракомет

ФОТО: Алкалоид со реми се враќа од гостувањето во Романија кај Баја Маре

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид денес го одигра првиот четвртфинален натпревар против Баја Маре во Романија, каде во финишот испушти победа откако ремизираше играјќи 31:31.

Натпреварот започна со едноминутно молчење, а ракометарите настапија со црни траки во знак на почит кон загинатите во големата трагедија која се случи во Кочани.

ФОТО: РК Алкалоид

Во првиот дел се играше гол за гол, а домашниот тим во еден момент дојде до плус три при 9:6, а потоа и до плус четири во два наврати и на полувреме имаше 19:15.


Во вториот дел од мечот Алкалоид беше подобар и го сврте резултатот кога на полувреме дојде до плус три при 24:27, а потоа романскиот тим и израмни на 29:29 и тоа понуди неизвесен финиш од мечот. Тимот на Кирил Лазаров имаше плус дв при 29:31, а во завршните мигови од средбата Баја Маре израмни на конечни 31:31.

ФОТО: РК Алкалоид

На овој натпревар Алкалоид беше без најдобриот играч Марко Митев, кој се повреди и тоа беше голем хендикеп за тимот од Автокоманда.

Најдобри кај Баје Мара беа Наѓ, Дахлин, Козакевич, Бурзак, Поп и Кумпаничи со по четири гола, а пак кај Алкалоид се истакнаа Петковски и Серафимов со по седум гола.

ФОТО: РК Алкалоид

Реваншот од меѓу Алкалоид и Баја Маре се игра во салата во Автокоманда на 30 март. Инаку, Алкалоид е единствениот тим од Македонија кој има европска пролет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!