Ракомет

Во вторник и среда ќе се одигра последното коло од регуларниот дел на ракометната Суперлига

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Последното, 22. коло од ракометната Суперлига ќе се одигра во вторник и среда, со што ќе заврши регуларниот дел од сезоната, по што следуваат натпреварите во плеј-оф  и плеј-аут сегментот. Во плеј-офот ќе се разигрува за титула и излез во Европа, додека пак во плеј-аут сегментот ќе се разигрува за опстанок во ракометната елита на Македонија.

Во вторник ќе се одиграат четири натпревари. Вардар како голем фаворит ќе ја пречека Струга во меч кој ќе започне во 17:00 часот, исто како и натпреварот во Кавадарци, каде Тиквеш како голем фаворит ќе игра против Борец Ф.Л.

Во 18:00 часот Бутел на домашен терен ќе се соочи со Пролет, додека Прилеп во 19:30 часот ќе го пречека актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој е апсолутен фаворит во овој дуел.

Во среда ќе се одиграат уште два натпревари. Радовиш ќе го затвори регуларниот дел со дуел против Куманово во СРЦ „25 Мај“, со почеток во 18:00 часот, а во 19:00 часот во Автокоманда ќе се одигра дербито на колото меѓу Алкалоид и Охрид.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Веќе се познати сите тимови кои ќе продолжат во плеј-офот и плеј-аутот. Во борбата за титулата во плеј-офот ќе се натпреваруваат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар, Охрид, Тиквеш и Бутел. Во плеј-аутот, каде ќе се води битка за опстанок, ќе играат: Пролет, Прилеп, Куманово, Борец Ф.Л., Струга и Радовиш.

Последното коло ќе биде клучно за одредување на позициите на табелата и пренесувањето на бодовите во следната фаза.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!