Прва лигаФудбал

ФК Пелистер: Сите средства од „вечното дерби“ со Вардар ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во Кочани

Сподели
Сподели

Раководството на прволигашот Пелистер соопшти дека сите средства собрани од продажбата на билетите од натпреварот против Вардар ќе бидат донирани на семејствата на трагично загинатите и повредените од големата трагедија во дискотеката во Кочани.

Цената на билетот изнесува 200 денари, а битолскиот клубот упати апел до навивачите, симпатизерите и љубителите на фудбалот да се вклучат во оваа хуманитарна акција и со своето присуство да дадат поддршка.

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар ќе се одигра во сабота, на 29 март, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 15:00 часот.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

Ова дерби, кое е дел од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), носи големо значење за Вардар, кој се бори за опстанок во лигата, додека Пелистер, кој е сигурен во средината на табелата, ќе се обиде да дојде до нова победа.

Сите останати натпревари од ова рунда се закажани за понеделник, 31. март, исто така со почеток од 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На ждрепката во Виена беше одредено скопскиот состав да ги одмери...

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи со турскиот претставник Спор Тото, откако денеска во Виена беше извлечена...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!