Прва лигаФудбал

„Чкембари“: Во чест и почит кон жртвите од трагедијата во Кочани, нема да користиме пиротехника до крајот на сезоната!

Сподели
ФОТО: Чкембари Битола / Ckembari Bitola
Сподели

Навивачката група Чкембари преку соопштение информираше дека во овие денови на тага поради големата трагедија во Кочани, донеле одлука во чест и почон кон жртвите навивачката група да не користи пиротехничка до крајот на оваа сезона.

„Во овие денови на тага и неверување донесовме одлука во чест и почит кон жртвите, повредените и нивните семејства во трагедијата во Кочани, Н.Г. Чкембари нема да користи пиротехника до крајот на оваа сезона. Уште еднаш изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата на сите настрадани. Исто така, уште еднаш изјавуваме дека сме на распологање, доколку на било каков начин можиме да помогниме“, се вели во соопштението на навивачката група Чкембари.

Во големата трагедија во дискотеката во Кочани, животот го загубија 59 лица, а голем број на лица се хоспитализирани во Македонија и странство.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Кошаркарска драма во Гевгелија и Кавадарци, Куманово ја декласираше Струмица

Седмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе две неизвесни пресметки во кои победникот се решаваше во последните моменти, но и убедлив триумф на...

Кошарка

Од четири порази до три победи: Штип ја продолжи серијата со 103 поени против Скопје

ГКК Штип ја забележа третата последователна победа во МТЕЛ Суперлигата, совладувајќи го Скопје 2023 со 103:94 пред домашната публика на 15 ноември. Штипјани,...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Нова победа за кадетките на Атлетико: Триумф од четири гола против Љуботен, битолчанки не знаат за пораз!

Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!