ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Голема глупост во Бугарија: Минута молк за поранешен фудбалер кој е жив!

Сподели
Сподели

Натпреварот меѓу Арда и Левски Софија во Првата бугарска лига започна со минута молк, за поранешен фудбалер кој е жив.

Се работи за Петко Ганчев, кој во минатото настапувал за тимот на Арда, а управата на клубот добила информација дека Ганчев починал, па решиле да му оддадат чест и натпреварот започна со едноминутно молчење.

Сепак, потоа сепак излезе дека овие информации не се точни, односно дека Ганчев е жив. Клубот потоа се огласи преку соопштение и јавно се извини кон својот поранешен фудбалер и неговото семејство.

„Почитувани новинари и фанови на Арда, управата на клубот сака да изрази огромно извинување до поранешниот фудбалер на Арда, Петко Ганчев и неговите блиски, откако клубот доби погрешни информации за неговата смрт. На Петко Ганчев му посакуваме уште многу години здравје и да ужива во успесите на Арда“, се вели во соопштението на бугарскиот клуб Арда.

Натпреварот од 25. коло меѓу Арда и Левски заврши без победник со по еден гол (1:1). Екипата на Левски е на второто место со 52 бодови, а пак Арда е на 5. место со 41 бод на своето конто.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор во трката за првото место. Разликата во однос на Вардар сега...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!