Трета лигаФудбал

Игор Ѓорѓиев најдобар стрелец во Трета лига – Исток, кои играчи може да го стигнат?

Сподели
Сподели

Изминатиот викенд беше отворен пролетниот дел на Трета лига – Исток со натпреварите од 10. коло, а вчера требаше да се одиграат натпреварите од 11. коло, но поради големата трагедија која се случи во Кочани, каде во дискотеката која се запали животот го загубија 59 лица, сите спортски настани и натпревари беа одложени.

Трката за најдобар стрелец во Трета лига – Исток ќе биде навистина неизвесна. На врвот од истата е фудбалерот на Слога Виница, Игор Ѓорѓиев со десет гола, на второто место е Октај Амедов со девет гола, исто така од Слога Виница.

По осум гола имаат Петар Илиев од Дојранско Езеро и Дарко Нацев од Овче Поле, а пак по шест гола имаат Кристијан Ристовски кој настапуваше за Слога Виница, но направи трансфер во второлигашот Осогово и Димитар Стојановски од Овче Поле.

По пет гола имаат Александар Илиев од Брегалница Делчево и Никола Трајков од Тиверија, а по четири гола имаат Глигор Јанкулов од Дојранско Езеро, Влатко Коцев од Светлост Зрновци и новиот играч на Слога Виница, Филип Петковски со по четири гола.

Искусниот Петковски овие четири гола ги постигна на еден натпревар, а како тргнало нема да биде чудно да биде и најдобар стрелец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!