Денес е вториот натпреварувачки ден од Меѓународниот турнир во пинг понг “Зегин Опен 2024” кој се одржува во Берово.
177 натпреварувачи од држави од целиот свет ќе се натпреваруваат во неколку категории.
Овој турнир е најголем и единствен од ваков карактер не само во Македонија, туку и на Балканот.
Покрај од од Македонија, натпреварувачи има и од Аргентина, Косово, Бугарија, Нигерија, Киргистан, Србија, Турција, Украина, Грција, Германија, Хрватска и Белорусија.
Вчера на првиот натпреварувачки ден доминираа ветераните, со натпреварите преку кои покажаа дека страста за пинг понгот не познава години.
ПР Текст