Прва лигаФудбал

Почина фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров

Сподели
Сподели

За жал почина младиот фудбалер Андреј Лазаров, откако им подлегнал на поредите додека бил хоспитализиран во болница.

Првично беше објавено дека се бара Андреј Лазаров, а потоа од ФК Шкупи за кој настапуваше Лазаров преку соопштение информираа дека тој е хоспитализиран во болница, но 25-годишниот фудбалер не издржа и за жал почина.

Прволигашот Шкупи преку ново соопштение ја потврди смртта на фудбалерот Андреј Лазаров, кој е меѓу жртвите во кочанска дискотека која ноќеска се запали.

„Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани. Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце. Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја. ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб. Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим. Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца“, се вели во соопштението на ФК Шкупи.

Во својата кариера Лазаров покрај за Шкупи настапуваше и за екипите на Горица и Рудеш од Хрватска, беше дел од Тиквеш, како и од Работнички и Металург.

Последниот негов натпревар за Шкупи го одигра во саботата, кога на Чаир екипата на Шкупи загуби со 0:1 од Пелистер, а Лазаров влезе во игра во 61. минута.

Александар Ванев, М-Нет

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!