Прва лигаФудбал

ФК Гостивар: Многу сме разочарани што судиите, не сакаме лига без правда!

Сподели
Сподели

Прволигашот Гостивар вечерва излезе со соопштение после натпреварот во Кавадарци, каде загуби од екипата на Тиквеш.

Во рамки на 24. коло на Првата лига, екипата на Тиквеш со 2:1 го доби Гостивар.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК ГОСТИВАР:

„Ја сакаме оваа земја како инвеститори, спортисти и спортски менаџери. Со споделување на заедничка култура и историја, ги прифаќаме луѓето од оваа прекрасна земја како браќа и сестри.
Среќни сме што инвестираме и придонесуваме за спортот, младите и економијата на земјата. Среќни сме што ја промовираме Македонија во Турција и во другите европски земји. Помагаме за препознатливост на македонскиот фудбал со тоа што носиме светски познати фудбалери и тренери кои ги сакаат и следат милиони фанови.

Станавме клуб кој го следат во Турција и светот и често добива позитивни вести. Нашата цел не е ограничена само на локални успеси во Македонија, туку пласман и напредување во европските купови. Нашата цел е да придонесеме за рангирањето на Македонија со успешните резултати што ќе ги добиеме. На овој начин сакаме да го зголемиме бројот на македонски екипи кои ќе учествуваат во европските купови. Ова не прави добар пример за оние кои сакаат да инвестираат во фудбалот во Македонија.

Сегашното место на Македонија на ранг-листата на фудбалските земји, 51 од 55 асоцијации на УЕФА, не засрамува. Претходното раководство на федерацијата не беше успешно на овој план. Нашето очекување од федерацијата е да го исчистиме македонскиот фудбал, да го развиеме и да ја доведеме Македонија во највисоките позиции што ги заслужува на рангирањето на земјите на УЕФА.

Сепак, многу сме разочарани што судиите кои даваа скандалозни одлуки во стариот федерациски период се уште ги судат натпреварите. Ниту еден клуб не би инвестирал во лига каде што резултатите од натпреварите ги одредуваат судиите, а не играчите и тренерите на теренот.

Великодушно инвестиравме во македонскиот фудбал. Дали згрешивме?

Ниту еден тим во лигата не е наш непријател. Сите тие ни се противници и со сите имаме добри односи. Но, контроверзните одлуки на судиите создаваат непријателство меѓу нас и нè спротивставуваат еден против друг.

Единственото нешто што ни треба нам, на македонските фудбалски клубови, е фер-плеј. Доколку не се посакува некои екипи да испаднат, може да се најдат други решенија за задржување на тие тимови во лигата. Како што беше направено претходно, бројот на тимови во лигата може да се зголеми и тимовите кои се бара да бидат заштитени да се задржат во лигата.

Не треба да се трошат напорите на тимовите кои конкурираат за шампионската титула. Ние (инвеститорите, техничкиот штаб, спортските директори и фудбалерите) сме во голем шок поради настаните што се случија досега во лигата. Ја губиме вербата и надежта во можноста за подобрување на фудбалот во оваа земја. Сакаме судиите и федерацијата да ги почитуваат нашите напори.

Победата и поразот се природни исходи од оваа игра. Ако загубиме од екипа која игра подобро од нас, му честитаме на противникот. Сепак, не прифаќаме да загубиме од судиите на кои им е доделено да ја воспостават правдата во фудбалот. Ако новата федерација сака да продолжи со стариот и корумпиран систем, ќе го почитуваме и тоа. Знаеме да си заминеме бидејќи учтиво дојдовме овде. Додека ние, грст фудбалски актери, се обидуваме да придонесеме за фудбалот на земјата, судија со ознака на ФИФА, кој е државјанин на оваа држава, му нанесува толкава штета на македонскиот фудбал. Ова е предавство на неговата нација и нејзиниот фудбал.

Секогаш се трудевме позитивно да придонесеме за промоција на Македонија. Нашите ѕвездени играчи и менаџери, кои имаат милиони следбеници на социјалните мрежи, ги споделуваат убавините на Македонија. Но, отсега ќе споделуваме фудбалски скандали! Денеска нашите 3 бода ги украде судијата Марјан Младеновски. Дали овој судија ќе се извлече со скандалите и неговите постапки заборавени или федерацијата ќе донесе правда во македонскиот фудбал со тоа што ќе го казни?

Ако не се најде решение за вакви манипулации, без второ размислување ќе се повлечеме од теренот. Во претходниот федерациски мандат бевме казнети со -3 бода. Не се плашиме да бидеме казнети со -6 или -9 бода доколку тоа е за правдата во македонскиот фудбал.

Не сакаме да учествуваме во лига без правда. И како забелешка, должноста на градоначалникот не е да биде спортски директор и да манипулира со судиите, туку да помага за доброто на градот и неговите граѓани!“, се вели во соопштението на ФК Гостивар.

Сега следува репрезентативна пауза, а екипата на Гостивар е на 4. место на табелата со освоени 44 бодови, а од крајот од сезоната Гостивар ќе води борба за титулата и излез во Европа. Од лидерот Шкендија, екипата на Гостивар има негатива од шест бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаВтора лигаПрва женска фудбалска лигаПрва лигаТрета лигаФудбал

ФФМ ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции

Поради голема трагедија која ноќеска се случи во дискотека во Кочани каде има голем број на починати млади лица, ФФМ ги одложува сите...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Четири црвени картони во Кавадарци еден за вршење физиолошка потреба среде терен, како и за напад врз полицајци!

Хаос се случувало на натпреварот меѓу Тиквеш и Гостивар од 24. коло на Прва лига. На натпреварот беа доделени пет жолти картони кај...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца ja декласираше Црна Река, Шкупи загуби од Прокт!

На воведниот меч од 14. коло на Првата футсал лига на Македонија,...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Аеродром го доби Кадино во меч каде Дамјан Антевски постигна два еврогола!

Аеродром преку пресврт забележа голема победа од 2:4 над поранешниот второлигаш Кадино,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!