ФудбалФутсал

Форца ja декласираше Црна Река, Шкупи загуби од Прокт!

Сподели
ФОТО: Ilhan Osmani
Сподели

На воведниот меч од 14. коло на Првата футсал лига на Македонија, екипата на Проект со 4:6 триумфираше против Шкупи.

За домашниот тим Сали Салиевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Зекир Зејнели и Љавдрим Фазлију, а пак за гостинскиот тим стрелци беа Наум Блажевски, Ѓорги Коцевски, Горан Стојанов, Давид Блажевски, Кристијан Гавровски и Бојан Јанев.

Денес висока победа забележа екипата на Форца откако со 10:3 славеше против Црна Река од Кавадарци.

За шампионот по три гола постигнаа Берат Рамадани и Иван Крстевси, два гола постигна Зоран Левески, а по еден гол постигнаа Иван Стојановски и Куштрим Даути.

Утре Железарец ќе игра против Клими, а колото се затвара во понеделник со мечот меѓу Кеги Моби и Јувентус Серава во Велес, како и мечот меѓу Осогово и Бутел во Крива Паланка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!