Прва лигаФудбал

Брера загуби од Силекс и се спушта во опасната зона, важни победи за Беса и Тиквеш, Воска извлече бод во финишот!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Денес беше комплетирано 24. коло на Првата лига, а истото донесе две важни победи за екипи кои се борат за опстанок во елитата.

Беса забележа важна победа на домашен терен откако го совлада шампионот Струга Трим Лум со 3:2 и тоа преку пресврт.

Стружани преку Ефионг Хоган Укпа го отворија резултатот, а потоа Шефит Шефити го израмни резултатот на 1:1. Во вториот дел Меџит Незири постигна гол за 2:1, а пак Ремзифаик Селмани погоди за 3:1. Во финишот од мечот Христијан Малески постигна гол за конечните 3:2.

Важна победа забележа и Тиквеш во тешката борба за опстанок, откако со 2:1 на домашен терен го доби Гостивар. Берат Садик во 15. минута го отвори резултатот, а во вториот дел Александар Вареловски погоди за 2:0. Во 88. минута Иван Ивановски ги постави конечните 2:1.

Александар Ристевски е херојот на Пелистер, откако постигна гол во 75. минута за победа на битолчани на Чаир против Шкупи, а победата добива на тежина бидејќи Пелистер беше без играч помалку на теренот од 69. минута откако Захар Тарасенко заработи втор жолт картон.

Брера Струмица заборави да победува, а со серијата лоши резултати во пролетниот дел тимот се спушти во опасната зона и ќе има повеќе од тешка борба за опстанок во Првата лига, откако струмичани денес на домашен терен загуби од Силекс со 0:2.

Двата гола беа постигнати во вториот дел, а прво погоди Марко Ѓорѓиевски, а потоа постигна гол и Ади Алиќ за конечни 0:2.

Воска Спорт во 94. минута постигна гол за 1:1 против Работнички и со тоа извлече важен бод во трката за титулата, а пка „романтичарите“ испуштија бодови во трката за титулата. Гандо во 14. минута го отвори резултат, а во 94. минута Клинтон ги постави конечните 1:1.

Вчера во воведниот меч Вардар одигра 1:1 против Шкендија, откако Решат Рамадани погоди во 22. минута, а само три минути подоцна Едиз Спахиу ги постави конечните 1:1.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ШКЕНДИЈА АД 24 14 8 2 39 19 +20 50
2 ФК СИЛЕКС АД 24 14 6 4 41 15 +26 48
3 ФК РАБОТНИЧКИ АД 24 12 9 3 29 13 +16 45
4 КФГ ГОСТИВАР АД 24 11 11 2 31 13 +18 44
5 ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ АД 24 11 5 8 30 30 0 38
6 ФК ШКУПИ-1927 АД 24 9 4 11 35 32 +3 31
7 ФК ПЕЛИСТЕР АД 24 7 8 9 14 23 -9 29
8 ФК ВАРДАР АД 24 5 7 12 20 33 -13 22
9 ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци 24 4 9 11 12 23 -11 21
10 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 24 5 6 13 25 41 -16 21
11 ФК БЕСА 1976 АД 24 5 6 13 20 37 -17 21
12 ФК ВОСКА СПОРТ АД 24 4 7 13 22 39 -17 19

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!