Втора лигаФудбал

Фудбалерите кои на полусезона заминаа од Кожуф, не се исплатени во целост – си ги бараат своите плати!?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

До Спортска Мрежа пристигна известување од неколку фудбалери кои на полусезона заминаа од фудбалскиот клуб Кожуф дека во целост не се исплатени, односно си ги бараат своите плати како што биле договорени.

Како што велат фудбалерите, тие кои одлучиле да заминат на полусезона, а како што се вели во известувањето поради неподносливите финансиски услови, не се исплатени во целост, односно не им се исплатени сите плати.

Според тврдењето на фудбалерите, тие кои и натаму се во клубот се исплатени во целост и ги добиваат платите редовно.

„Фудбалерите на ФК Кожуф кои го напуштија клубот поради неподносливите финансиски услови сè уште ја чекаат ветената исплата на своите плати. И покрај тоа што беше ветено дека ќе добијат барем дел од заостанатите примања, исплатата за ноември не е реализирана, а одговорните лица молчат за оваа ситуација“, се вели во известувањето кое пристигна до Спортска Мрежа.

Меѓу фудбалерите кои заминаа се и искусниот Бојан Најденов, Александар Ѓорѓиески, Филип Манасиевски, Александар Богданоски, Дарко Грозданоски, Даниел Иванов и голманот Кристијан Ѓорѓиевска кои си ги бараат своите плати.

Ова не е прв случај кога фудбалери кои заминале од некој клуб да не ги добијат во целост платите за тоа што го сработиле, односно тренирале и одиграле. Останува да видиме дали ќе реагира клубот и дали играчите ќе биде во целост подмирени со нивните плати, како што се вели во нивното известување за исплатата за ноември 2024 година која не е реализирана.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Македонија ја зајакнува соработката со европските планинарски федерации – експерти од Словенија напролет ќе ги посетат нашите планинарски патеки и домови!

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) беше дел од Првата европска конференција за планинарски домови, која од 23 до 25 октомври 2026...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија ќе биде домаќин на евро-квалификациите за одбојкарки до 20 години – Стојанов повика 19 репрезентативки!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!