Трета лигаФудбал

ФОТО: Одново вандализам на стадионот во Карбинци – искршени прозорци, оштетена врата на соблекувалните!

Сподели
ФОТО: Искршени прозорци на соблекувалната на стадионот во Карбинци
Сподели

Одново вандализам на стадионот во Карбинци, во текот на вчерашнито дел биле поставени нови прозорци на гостинската соблекувалнта, а веќе денес бил скршен прозорец, оштетена вратата на домашната соблекувална, скршен прозорец и на гостинската соблекувална.

Клубот веднаш реагираше преку соопштение и откако се случи овој вандализам на стадионот, на кој тренира и игра третолигашот Карбинци.

„Родители, приберете си ги децата и не се лажете и себе и сите со тоа “не, мојто дете не е такво”.  Вчера беа поставени нови прозорци на гостинската соблекувална, денеска веќе скршен прозорец, оштетена вратата на домашната соблекувална, скршен прозорец и на гостинската… Срамота е, ако ги штитите децата не им правите добро… И првиот пат е споменато на некои поединци, но не, “не е моето дете”… И денеска се видени деца кои биле кај игралиштето, но дали некој родител ќе признае? Срамота“, се вели во соопштението на ФК Карбинци.

ФОТО: Искршени прозорци на соблекувалната на стадионот во Карбинци

Пред нешто повеќе од месец дена исто така се случи вандализам на истиот стадион, тогаш како што информираше Спортска Мрежа, беа искршени прозорци на соблекувалната, скршени столчиња на трибината и уништена оградата за да минува стоката таму каде што не треба.

Инаку, фудбалскиот клуб Карбинци се натпреварува во Третата фудбалска лига – Исток, а на истиот терен в недела ќе се соочи со екипата на Дојранско Езеро, во рамки на 11. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!