Втора женска фудбалска лигаФудбал

Дебитантот Слободен денес го пречекува фаворитот Вардар, колото се комплетира утре!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес со еден натпревар ќе биде отворено 10. коло на Втората женска фудбалска лига, дебитантот Слободен го пречекува фаворитот Вардар, во меч каде правдата ќе ја дели Моника Даштевска од Скопје, а истиот ќе започне во 11:00 часот.

Слободен ќе ја бара дури првата сезонска радост, а пак Вардар оди на нови три бодови во трката да го сочува второто место кое води кон баражот за можен влез во Прва лига.

Утре во Македонски Брод екипата на Порече ќе се соочи со Победа Валандово, во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит за трите бодови.

Натпреварот ќе започне во 12:30 часот, а правдата ќе ја дели Јована Максимовска од Скопје.

Радовишка Плачковица на домашен терен ќе се соочи со лидерот Кочани, кој како голем фаворит доаѓа да ги освои трите бодови и со тоа да биде чекор поблиску до потврда на враќањето во Првата лига.

Правдата на натпреварот ќе ја дели Виолета Јанчева од Гевгелија, а мечот ќе започне во 12 часот.

„Фенерџијата“ Борец на домашен терен ќе има повеќе од тежок меч со Билјанини Извори, тимот од Охрид во Велес доаѓа како апсолутен фаворит за освојување на трите бодови, со што Билјанини Извори ќе продолжи да го напаѓа второто место кое води кон баражот за можен влез во Прва лига.

Правдата ќе ја дели Александра Спасова од с. Мустафино, Свети Николе, а мечот ќе започне во 11 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров 2 и Спартак, откако двете екипи ремизираа играјќи 23:23. „Лавиците“ постојано...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!