Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до 2014 година

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до 2014 година. Тренинзите се одвиваат на стадионот „Славија“ во скопско Пржино.

Истатов нуди професионални тренинзи, натпревари и турнири, развој на спортски дух и тимска работа, можност за развој на кариерата и шанса за да станете вистинска фудбалерка.

Со девојките работи искусниот стратег Кирил Изов, кој е и поранешен селектор женската А репрезентација на Македонија со големо искуство, како и Миа Головска.

Екипата на Истатов се натпреварува во Првата женска фудбалска лига, а во минатото клубот ја има освоено шампионската титула како и Куп титулата.

Сите кои се заинтересирани може да се пријават кај Изов на 078 601 981, како и кај Головска на 076 263 202.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Четврток за промени во Втора лига: Охрид и Работнички атакуваат на врвот, Детонит и Тетекс ќе бараат позитивен резултат

Во четврток Втората македонска фудбалска лига може да добие нов лидер, но истовремено одложените натпревари од второто коло може дополнително да ја усложнат...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!