Трета лигаФудбал

Преспа денес ја отвара сезоната против Светлост во Ресен

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Денес ќе биде отворено првото коло во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад со натпреварот меѓу Преспа и Светлост од Кукуречани.

Со овој воведен меч ќе започне новата сезона, а во кој меч екипата на Преспа влегува како благ фаворит поради домашниот терен.

Трите бодови се императив и на двете екипи, и двете страни сакаат сезоната да ја отворат со триумф и три бодови, а со тоа да имаат успешен старт.

Ѓорѓи Лаброски од Струга ќе биде главен судија на мечот кој се игра на Градскиот стадион во Ресен. Климетн Рситовски и Јован Анѓелковски од Струга ќе бидат помошници на Лаброски.

Натпреварот ќе започне во 16 часот.

Што се однесува до првото коло, истото ќе се комплетира утре. Ланскиот шампион Кораби кој не го помина баражот за Втора лига ќе игра со Демир Хисар, во дербито на колото, Сатеска ќе игра со Света Троица 2021, ланскиот второлигаш Караорман ќе игра со Влазними, Евротип против Кравари, а пак Велешта Унитед ќе се соочи со Славеј од Мешеишта.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од првото коло, кои донесоа голем број на погодоци. Дрита на домашен...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

Трета лигаФудбал

Илинден го доби Аеродром, Ржаничино броеше до десет, висока победа за БВК Коњаре, три бода за Беса Сарај

Амбициозниот Илинден со триумф ја започна сезоната во Трета лига регион 1...

Трета лигаФудбал

Куманово со висок триумф над Јуниор од Доброшане, дебитантот од Крива Паланка тргна со пораз

Куманово со сигурна победа ја отвори новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!