Ракомет

Амбициозниот Охрид ги продолжи договорите со 5 свои ракометари за наредната сезона

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Полека, но сигурно,  ГРК Охрид  го склопува тимот за наредната сезона, откако денес ги продолжи договорите со повеќе свои досегашни ракометари.

Имено, се работи за Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Теимураз Орјоникидзе.

Искусниот голман, Ѓорѓески, како и левото крило- Ојлески, остануваат верни на Охрид до 2027 година, додека пак, Костов, Кукуловски и Орјоникидзе до 2026-та.

Исто така, валиден договор со клубот, за следната сезона имаат и  капитенот- Тасески, Чаневски, Јотиќ, Цирар, Бојаниќ, Шипинкоски и Ристески.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Охрид ќе игра во плеј-офот и ќе се бори за место во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!