Трета лигаФудбал

Теренот во Зрновци се санира, новиот третолигаш Светлост го склопи тимот за новата сезона!

Сподели
Сподели

Во новата сезона во Трета лига – Исток новајлија ќе биде екипата на Светлост од Зрновци, која стана шампион во Општинската фудбалсак лига во Кочани и со тоа обезбеди место во Трета лига – Исток за новата сезона.

Во моментот во тек се градежни активности за санирање на теренот со цел истиот да може да исполнува услови за одигрување на натпреварите од Трета лига. Како што дознава Спортска Мрежа се санира главниот терен, соблекувалните, ќе бидат поставени нови кабини за резервните играчи, ќе се санира оградата околу теренот.

Тренерот Славчо Гиздовски за Спортска Мрежа потврди дека во моментот се работи активно на санирање на теренот со цел да може да ги исполнува условите за одигрување на натпревари од Трета лига – Исток.

Среќа за нив е тоа што во првото коло Светлост гостува во Свети Николе кај Овче Поле, па со тоа се добива на време за да се санира теренот и истиот да биде способен за игра веќе за второто коло во кое Светлост на домашен терен ќе игра против Малеш од Берово.

Преку проект општина Зрновци за следната година планира дополнитено да се уреди стадионот „Васил Чакаларов“ со поставување на патеки за трчање, рефлектори со што овој терен ќе има значително подобри услови.

Ростерот на играчи за новата сезона на Светлост е засилен со четири играчи од Карбинци станува збор за Филип Андонов, Јовица Ефтимов, Борис Донев и Бобан Давитковски, потоа тројца играчи од Малеш, Ристе Стефанов, Стеван Смилков и Ненад Савев.

Од второлигашот Осогово од Кочани пристигнаа Христијан Сенов и Иван Станојев, како и Михаил Јакимов и Влатко Коцев од Чешиново.

Целта на Светлост е да биде стабилен третолигаш, како и тоа сезоната да се заврши место погоре на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица и Тетекс со поделба на бодовите во меч под рефлектори во Струмица

Беласица и Тетекс одиграа нерешено 2:2 во меч од 5. коло на Втората лига, кој се одигра под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!