Втора лигаФудбал

Брајковска ќе им суди на Вардар и Плачковица, Стојановски главен во Охрид

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе започне четвртото издание на Втората женска фудбалска лига со натпреварите од првото коло.

Во новата сезона како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Кочани е главен фаворит за освојување на првото место кое директно води во Прва лига, а пак дебитант е екипата на Слободен.

Дебитантот Слободен сезоната ја започнува против Порече од Македонски Брод, натпревар на кој Слободен ќе атакува на победа и на освојување на првите дебитански бодови. Марио Стојчевски ќе биде задолжен за правдата на овој меч.

Вицешампионот Вардар кој не го помина баражот за влез во Прва лига, новата сезона ја започнува на домашен терен против радовишка Плачковица. Вардар и во новата сезона најавува атак на местата за Прва лига, но гостинот од Радовиш со неколку засилувања во Скопје доаѓа по изненадување.

Анастасија Брајковска ќе ја дели правдата, а нејзини помошници ќе бидат Цветанка Саеска и Теодора Крстевска.

Билјанини Извори на домашен терен ќе се соочи со фаворитот Кочани во меч каде трите бодови се единствена цел и опција за гостинот. Целта на Кочани во новата сезона ќе биде враќање во Првата лига.

Филип Стојановски од Битола ќе биде задолжен за правдата на мечот во Охрид, а негови помошници ќе бидат НИкола Маркоски и Бобан Цветаноски.

Колото ќе се комплетира в среда со мечот меѓу Победа Валандово 16 и Борец од Велес, во натпревар каде и двете екипи посакуваат позитивен старт на новата сеона. Виолета Јанчева од Гевгелија ќе ја дели правдата на овој меч.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!