Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бафто ќе го суди мега дербито меѓу Љуботен и Каменица Саса, Костов главен во Струмица

Сподели
Сподели

Четврото коло од Првата женска фудбалска лига ни го носи дербито на колото меѓу Љуботен и Каменица Саса, соочување на актуелниот шампион и вицешампион.

Големото дерби во фудбалската елита во женска конкуренција ќе се одигра во Тетово каде главен судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, негови помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски од Скопје и Горан Балески од Охрид. Мега дербито ќе започне во 17 часот.

Тиверија Брера на домашен терен како голем фаворит ќе го пречека тимот на Топ Гол од Битола, кој минатата сезона преку бараж се избори за опстанок во Првата лига.

Дуелот во Струмица ќе го суди Методија Костов од Велес, а мечот се игра во 12 часот.

Истатов на домашен терен ќе се соочи со Речица во дуел за први бодови во новата сезона, а на овој меч правдата ќе ја дели Вјолца Изеири од Гостивар, стартот на овој меч е во 12 часот.

Повратникот Атлетико на домашен терен ќе се соочи со екипата на Скопје во дуел каде битолскиот тим ќе ги бара против бодови во новата сезона. Овде главен судија ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелијa. Натпреварот ќе започне во 16:30 часот.

Во рамки на 4. коло слободна ќе биде екипата на Ас Јунајтед, која требаше да игра со откажата Шкендија.

Натпреварите се играат в недела.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!