Најмладиот дебитант во историјата на македонскиот фудбал е Фисник Алиу, фудбалерот на Фортуна, кој на 8. март наполни 16 години и веднаш настапи за Форутна натпреварот против Беса од Слупчане, а во рамки на 15. коло на Трета лига – Север, каде екипата на Беса беше подобра со 4:3 во однос на Фортуна.
Алиу сега е најмладиот фудбалер кој дебитиран во мак-фудбалот, а претходно рекордот го имаше Дашмир Елези, кој со 16 години и еден ден настапи за поранешниот шампион од Тетово, екипата на Шкендија во Првата македонска фудбалска лига.
Фортуна е на второто место на табелата со учинок од девет победи, три ремија и три порази и има 30 бодови на своето конто.