Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори со висока победа над Плачковица, реми во Валандово, Порече немаше сили за лидерот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Билјанини Извори сосема очекувано забележа висока и убедлива победа од 7:0 против радовишка Плачкоица, во меч каде охридскиот тим беше голем фаворит.

Марија Јуловска беше стрелец на два гола за 2:0 на полувреме. Во вториот дел по еден гол постигнаа Викторија Стојаноска која стрелаше против својот поранешен клуб, Стефанија Ристова, голеадата ја продолжи Анастасија Јанческа, Марија Бојкова која исто така погоди против својот поранешен клуб и Ева Андова која ги постави конечните 7:0.

Победа Валандово во финишот се спаси од пораз, а пак дебитантот Слободен беше блиску да запише прво сезонско славје како дебитант во Втората лига.

По мирните мрежи во првиот дел, во второто полуреме Нина Алексовска во 68. минута постигна гол за 0:1, а во 82. минута Катерија Трајкова ги постави конечните 1:1.


Лидерот Кочани со 2:0 забележа победа над Порече од Македонски Брод, а двата погодоци ги постигна домашниот тим во првиот дел. Ива Салтирова во 12. минута постигна гол за 1:0, а во 42. минута Јована Велкова ги постави конечните 2:0.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа екипата на Вардар со 9:0 го декласираше Борец.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК КОЧАНИ 9 8 1 0 66 7 +59 25
2 ЖФК Вардар 2023 9 7 1 1 59 6 +53 22
3 ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 9 6 1 2 46 13 +33 19
4 ЖФК ПЛАЧКОВИЦА 9 4 1 4 26 18 +8 13
5 ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 9 3 1 5 16 27 -11 10
6 ЖФК ПОБЕДА ВАЛАНДОВО 16 9 1 3 5 7 53 -46 6
7 ФК Слободен/ЖФК 9 0 3 6 5 49 -44 3
8 ЖФК БОРЕЦ(-3) 9 1 1 7 8 60 -52 1
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!