ФудбалФутсал

Кораб со „петарда“ за Кратово, Балкан ремизираше во Прилеп во меч со 20 гола, Дурмишов постигна шест гола!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Изненадување во Прилеп во рамки на 15. коло каде Победа која е при самото дно ремизираше со Балкан во меч со 20 гола за 10:10.

Ова е големо изненадување со голед на тоа што Балкан беше голем фаворит на овој меч, тим кој значително се засили и сака да обезбеди место во Првата футсал лига се „сопна“ во Прилеп.

За домашниот тим три гола постигна Кристи Крајоски, по да гола постигнаа Стефан Спиркоски и Нермин Каришик, а по еден гол Никола Трајкоски, Горна Миновски и Стефан Наскоски, додека пак за гостинот по два гола постигнаа Пајтим Реџепи, Фестим Балиќи и Кадир Амза, а по еден гол постигнаа Иса Зекири, Ибрахим Алији и Ерол Далип, а пак Стефан Спиркоски си постигна автогол.

Кораб со 5:1 го декласираше Кратово во меч каде Ервин Елезоски беше стрелец на три гола, а по еден гол постигнаа Октај Беќири и Дарко Блажевски, а за гостинот гол постигна Христијан Атанасов.

Лидерот Мал Ајакс со 11:3 го декласираше Карадаку во меч каде Иса Дурмиов постигна шест гола, два постигна Теодор Наков, а по еден гол Давид Тошев, Седат Мамудов и Марио Филиповски, а пак за гостинот стрелци беа Зејнула Мустафи и Ељмедин Шерифи.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа екипата на ССК Скопје дома загуби од Овче Поле со 2:3, а пак Енхалон на домашен терен беше убедливо поразен од Каршиака.

Колото ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу Конзули и СЕЕ Университи, меч кој првично беше закажан за во Демир Хисар, но сепак сега ќе се игра во Ресен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!