Прва лигаФудбал

Во ЖИВО: Гледајте ги во живо натпреварите од 23. коло на Прва лига (пет натпревари)

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Денес се играат натпреварите од 23. коло на Првата македонска фудаблска лига, а ова рунда ќе се комплетира утре со натпреварот меѓу Работнички и Тиквеш.

Денес во Кратово се игра дербито меѓу Силекс и Вардар, каде ќе има голема фудбалска борба за трите бодови. Силекс сака да ја донесе титулата во Кратово, а Вардар сака сигурен опстанок во Прва лига.

  • ВО ЖИВО: СИЛЕКС – ВАРДАР:

Денес се игра и езерското дерби меѓу шампионот Струга Трим Лум и Воска Спорт од Охрид. Ова е дуел каде стружани ќе бараат нова победа во трката за места во Европа и посериозно да се вмешат во трката за одбрана на титулата, од друга страна Воска Спорт сака позитивен резултат во целта – опстанок во Прва лига.

  • ВО ЖИВО: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ВОСКА СПОРТ:

Во Тетово ќе се одигра дуелот меѓу поранешниот шампион Шкендија и Пелистер од Битола. Домаќинот после големиот пораз од Струга покрај езерото сака брзо да го заборави тој пораз и да се врати на победите, а пак Пелистер и со реми ќе биде задоволен од за нив тешкото гостување во Тетово.

  • ВО ЖИВО: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР:

Брера Струмица нема пролетен триумф во Првата лига, а денес има одново тешко гостување против фаворитот Гостивар. Интересно е тоа што овие две екипи играа во вторникот во Струмица кога Гостивар со гол во 89. минута обезбеди три бода, а сега на стартот од третиот круг веднаш се погодија двете екипи, но сега во Скопје.

  • ВО ЖИВО: ГОСТИВАР – БРЕРА СТРУМИЦА:

Беса ќе ја бара првата пролетна победа во Првата лига на Чаир, каде ја очекува тешко гостување против тимот на Шкупи. Тимот од Добри Дол има повеќе од тешка мисија да го избори опстанокот во Првата лига, но на дебитантот во фудбалската елита на Македонија му оди тешко и од меч во меч ќе мора да бара бодови. Шкупи пак е во средината од табелата, во минатото коло загуби во финишот од мечот во Кавадарци од Тиквеш и ќе сака враќање на победите пред својата публика.

  • ВО ЖИВО: ШКУПИ – БЕСА:

Сите пет натпревари од 23. коло на Првата лига започнуваат во 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!