Втора лигаФудбал

ПРИЈАТЕЛСКИ: Беласица го доби Вардарски, Македонија ЃП го декласираше Борец со „петарда“

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Беласица на пријателски натпревар со 1:3 славеше над Вардарски, меч кој се одигра денес, а кој доаѓа за време на паузата поради настап на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија.

За Беласица двоен стрелец беше Милушев, а пак еден гол постигна Јовов.

Ланскиот прволигаш Македонија ЃП одигра пријателски меч со Борец, кој го доби со убедливи 5:1.

Ако се погледнат статистиките Борец во новата сезона во Втора лига се’ уште нема дадено гол, но еве постигна гол, ако не, барем на пријателски натпревар.

Марио Станковски и Крсте Велкоски беа двојни стрелци за „лавовите“, а пак Анастасијески беше стрелец на последниот гол за „лавовите“. За екипата на Борец единствен стрелец беше Флорент Османи.

Долгата пауза второлигашите ја искористија да одиграат пријателски натпревари, а со цел одржување на формата пред продолжението на натпреварите од Втората лига. Дополнително сега пред второлигашите е тежок и густ распоред бидејќи во 15 дена треба да одиграат пет натпревари.

 

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски го доби дербито меѓу Шкендија и Вардар, Бењамин Ќерими ќе им суди на Арсими и Брегалница

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од единаесеттото...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!