ФудбалФудбалска репрезентација

(ВИДЕО) Омерагиќ: Од УЕФА имаме список со луѓе и клубови со сомнителни натпревари!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во гостување на националниот јавен сервис зборуваше на повеќе теми, а тој откри дека од страна на УЕФА било испратен список до ФФМ со име и презима на личности, за кои постои сомнение дека на одредени натпревари имаат преземено дејствија кои се сомнителни, рече Омерагиќ.

“Имаме добиено допис од одделот за интегритет на УЕФА во кој се посочени одредени личности, со име и презиме, за кои што постои сомнение, што не значи дека е тоа така, но се посочени дека на одредени натпревари имаат преземено дејствија кои се сомнителни. Во соработка со УЕФА тоа ќе го спроведеме до крај. Доколку тие се чувствуваат загрозено поради тоа и мислат дека со напади и разни инсинуации врз нас ќе не предомислат на тој пат, тогаш нивното размислување е тотално погрешно. Натпревари, клубови и имиња. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме”, изјави Масар Омерагиќ.

 

Натпреварите се од сезона 2023/2024 и претходно, а се однесуваат на натпревари од домашното првенство од Купот на Македонија и некои пријателски натпревари.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!