Ракометниот клуб Прилеп ќе има нов тренер за продолжението од сезоната во Суперлигата. Се работи за Страшо Илиески, кој доаѓа на местото на досегашниот тренер Божидар Мојсов.
Прилепчани останаа без шанси за плеј-оф и сега ќе одат борба на последните две кола од регуларниот дел да го сочуват седмото место бидејќи така ќе пренесат три бодови во плеј-аут сегметот каде ќе се разигрува за опстанок.
Прилепчани во досегашниот тек од сезоната имаат седум победи, две ремија и 11 порази за вкупно 16 бодови на контото, а викендот ќе играат против Борец Ф.Л. во Велес.