ФудбалФутсал

Клими со девет гола го декласираше Шкупи, Проект забележа пораз

Сподели
ФОТО: КМФ Проект | АРХИВА
Сподели

Вчера се комплетираше 13. коло од Првата футсал лига со два натпревари.

Клими на домашен терен со 9:3 славеше против Шкупи, во меч на тотална доминација на домашниот тим. Петар Левков постигна четири гола за домашниот тим, а Димче Андов беше стрелец на два гола, а по еден гол постигнаа Мартин Никовиќ, Александар Михајлов и Филип Грујоски.

За гостинскиот тим двоен стрелец беше Љавдрим Фајзули, а еден гол постигна Сали Салиевски.

Проект како домаќин играше во Велес и тоа против Кеги Моби, па на овој меч Проект беше формален домаќин, а Кеги Моби формален гостин, а резултатот беше 2:4 за Кеги Моби.

Кристијан Гавровски постигна два гола за Проект, а за велешкиот тим погодија Мохамед Ахмедов, Иван Николовски, Филип Драскачев и Ангел Гаштев.

Извештаите од претходните натпревари ги имате на Спортска Мрежа во категорија футсал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!