Втора лигаФудбал

Алексовски: Брегалница нè потцени, ние играме тимски и сакаме да бидеме хит во Втора лига!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Каменица Саса со убедливи 4:0 во секој сегмент ја надигра Брегалница и ја декласираше на стадионот „Кукуш“ во Турново, во рамки на 18. коло на Втората лига.

Тој голем пораз значеше спогодбена разделба меѓу Брегалница и тренерот Трајче Сенев, а после мечот еден од најискусни играчи на Каменица Саса, Дарко Алексовски – Пеле за Спортска Мрежа изјави дека одлично се подготвиле за Брегалница и ги согледале слабостите на штипскиот тим.

Според Алексовски, Брегалница ги потценила нив, а тоа не требало да биде така, дополнително вели дека играат тимски, а притоа пред камерата на Спортска Мрежа рече дека сакаат да бидат хит во Втората лига и да играат бараж за Прва лига како лани Детонит Плачковица.

  • ЦЕЛАТА ИЗЈАВА НА ДАРКО АЛЕКСОВСКИ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА:

Каменица Саса веќе утре во рамки на вонредното 19. коло на Втората лига ќе гостува во Велес кај Борец, а веќе во сабота во рамки на 20. коло ќе го одигра првиот пролетен натпревар на својот терен во Македонска Каменица, откако истече суспензијата од два натпревари поради инцидентит со Скопје од последното есенско коло.

Во сабота на свој терен и пред своја публика Каменица Саса ќе игра против Македонија ЃП, а Алексовски уште од сега ја повика публиката во Македонска Каменица и верните навивачи да се мобилизираат за максимална поддршка од трибините.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!