ФудбалФутсал

НЕВЕРОЈАТНО: Кораби го победи Партизан Југ во Брвеница во меч со 27 гола!

Сподели
Сподели

Во Втората футсал лига на Македонија многу често започнавме да гледаме „ракометни“ натпревари од аспект на тоа по колку голови се постигнуваат на еден натпревар.

Така беше и во Брвеница, каде Партизан Југ загуби од Кораби во натпревар со 27 погодоци за конечни 12:15, откако на полувреме беше 8:9, во рамки на 14. коло од Втората футсал лига на Македонија.

Некои ракометни натпревари во Македонија завршуваат со ваков резултат, но ете и во футсалот имаме вакви резултати.

Тео Симњановски постигна четири гола за домаќинот, двојни стрелци беа Виктор Јовановски и Даниел Радески, а по еден гол постигнаа Дејан Јанкулоски, Даниел Јандриески, Илија Јанкулоски и Новаци Костадиноски.

За гостинската екипа од Дебар пет гола постигна Ервин Елезоски, четири гола Октај Беќири, хет-трик на Дарко Блажевски, два гола посигна Енес Боличе, а еден гол Миќо Блажевски.

Колото се комплетира вечер со мечот меѓу Овче Поле и Конзули кој се игра во Свети Николе од 20 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!