РакометРакометна репрезентација

По 12 години Ракометната федерација на Македонија ќе добие нов претседател

Сподели
Сподели

По долги 12 години Ракометната федерација на Македонија денес ќе добие нов претседател, кој ќе биде наследник на Живко Мукаетов, кој беше успешен на оваа функција со три мандати. Федерацијата нема долгови, стабилна со големи резултати и редовен учесник на сите големи натпреварувања.

Денес на Изборното собрание на РФМ единствен кандидат ќе биде Александар Стефанов, откако Драган Начевски се повлече од трката за Претседател на РФМ. Во Ракометната федерација ќе има и промени во самата структура, односно федерацијата ќе добие и нов Генерален секретар.

Стефанов е поранешен ракометар и главен спонзор на РК Бутел Скопје, човек кој одлично го познава ракометот и како поранешен ракометар, а измиантиот перидо Стефанов имаше средби со спортските работици, претставници на клубовите со кои разговараше за неговата визија и програма.

Стефанов ќе биде шестиот претседател на РФМ, во минатото Живко Мукаетов кој денес ќе го заврши својот трет мандат како претседател на РФМ го водеше македонскиот ракомет 12 години во период од 2013 до 2015, претходно Михајло Михајловски во период од 2008 до 2013, Трифун Костовски од 2003 до 2008 година, Душко Кадиевски во период од 1999 до 2003 година и Иван Бојков  кој беше на оваа позиција во период од 1989 до 1999.

Собранието ќе се одржи денес со почеток од 12 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе го претставува македонскиот футсал во претквалификациите за Лигата на шампионите. За...

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од највисокиот ранг на македонската кошарка во сезоната 2026/27. По разгледувањето на...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го...

Ракомет

Кузмановски го предводеше Пелистер до победа над Партизан

Филип Кузмановски имаше блескава вечер во „Боро Чурлевски“ и со 15 погодоци...

Ракомет

Од Богданци до Прилеп: Томица повторно со Младост, најверниот фан не пропушта натпревар

Ракометниот клуб Младост од Богданци има нешто што секој клуб би го...

Ракомет

Текстилец УГД подготвен за новата сезона, промовирани Табаков, Таневски, Миленков и Стојанов

Ракометниот клуб Текстилец УГД влегува во завршната фаза од подготовките за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!