Останато

Анета Павловска доби бронзена значка за судење на најголемите тениски турнири!

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Анета Павловска, македонската тениска судијка, постигна историски успех минатата недела во Париз, Франција, каде што се стекна со бронзена значка. Овој значаен момент ја поставува на елитното ниво на светските судии, овозможувајќи ѝ да суди на најголемите Грен Слем турнири, како и на сите други АТП и ВТА турнири низ светот. Овој успех не само што е големо признание за Анета, туку и за Македонија, која добива место меѓу највисоките судиски нивоа во светскиот тенис.

„Среќна сум да споделам дека минатата недела во Париз се стекнав со бронзена значка и станав главен интернационален судија кој може да суди на Грен слем, АТП и ВТА турнири. Ова ме прави вториот судија од Македонија во историјата со овој ранг, по Климе Буловски од Охрид. Кога јас ја започнував својата судиска кариера, тој веќе престануваше да суди, така што немав многу можности да учам од него, но сепак беше добар пример кој вреди да се следи“, истакна Павловска.

За значењето и големината на постигнатиот успех новата судијка со бронзена значка вели дека кога започнала со судење и не можела ни да засмисли дека еден ден ќе стигна до ова ниво.

„Вакви судиски школи има една до две во текот на една година, а понекогаш и на неколку години, што го прави целиот процес уште покомплексен. Самата селекција за да бидеш примен не е случајна – мора да се помине низ неколку чекори. Прво, се полага приемен тест, а потоа се анализираат сите евалуации што ги добиваме како судии на секој турнир. Покрај тоа, матичната тениска федерација мора да даде одобрување и да потврди дека кандидатот е подготвен за следното ниво. Конечно, Интернационална тениска федерација (ITF) селектира околу 20 судии од Европа од приближно 300-400 пријавени кандидати. Кога започнав со судење, не можев ни да замислам дека еден ден ќе стигнам до ова ниво. Но, со постојано учење, надградување, судење на турнири на различни нивоа и стекнување искуство, постепено ги отворав вратите кон светскиот тенис. Ова достигнување е резултат на многу труд, посветеност и љубов кон тенисот. Сега, со бронзената значка, ме очекуваат нови предизвици, но и нови можности на најголемите тениски сцени во светот“, заврши Павловска.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

Останато

ЦЕВ ги потврди термините: Штип УГД на 21 октомври го има дебито во Лигата на шампионите!

Македонскиот претставник Штип УГД на 21 октомври ќе го има своето деби...

Останато

„Чајка“ слави 50 години – Меморијалот прераснува во Суперкуп на Македонија!

Еден од најстарите и најконтинуираните спортски настани во Македонија, но и еден...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!