Прва лигаФудбал

Арената „Тодор Проески’’ под реконструкција – се обновува тревникот на стадионот

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вардар и Силекс вчера го одиграа својот натпревар од четвртфиналето на Купот на Македонија на арената „Тодор Проески “, но главниот стадион во земјава наскоро повторно ќе биде недостапен за натпревари.

Последниот меч што ќе се одигра на арената пред затворањето е дуелот меѓу Вардар и Беса во сабота. Веќе од недела, тревникот ќе биде подложен на реновирање со цел да биде во најдобра можна состојба за квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Велс на 25 март.

Ова значи дека екипите кои своите домашни натпревари ги играат на арената, пред сè Вардар и Работнички, ќе мора да бараат алтернативни решенија за своите следни мечеви.

Загрижува фактот што, и покрај неодамнешната промена на тревникот, арената и натаму се затвора еден месец пред секој настап на националниот тим, што претставува проблем за домашните клубови и континуитетот на натпреварите.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!