ФудбалФутсал

Форца го преслуша Кеги Моби, Црна Река и Бутел пресилни, реми во Гевгелија!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Вечерва ќе биде комплетирано 12. коло на Првата футсал лига на Македонија со натпреварот меѓу Осогово и Јувентус Серава, кој се игра во Крива Паланка, а вчера се одиграа четири натпревари.

Шампионот Форца со 3:5 славеше против Кеги Моби и обезбеди нови три бодови на своето конто. Ангел Гаштев беше стрелец на еден гол, а пак Трајче Трајков беше двоен стрелец за домашниот тим.

За шампионот стрелци на погодоците беа Таулант Исмаили, Берат Рамадани, Јасир Зекири, Артан Јунузи и Зоран Левески.

Црна Река забележа убедлива победа над Железарец на гостински терен, откако Андреј Јаневски беше двоен стрелец, а по еден гол за тимот од Кавадарци постигнаа Петар Ристовски, Миле Димов и Стефан Костовски, а за гостинот единствен стрелец беше Мирко Богески.

Шкупи на домашен терен доживеа вистински потоп од Бутел со резултат од 3:11.

Сали Слиевски постигна еден гол, а пак Убејд Бериша беше двоен стрелец, додека пак за гостинот стрелаа Петри Даиловски, Давид Маџинковски, Лазаре Пеев, Владимир Трендафиловиќ, Мартин Калчев, Зоран Тасески, Никола Илијоски, Филип Јаневски и Ненад Тодоровски, а пак Салиевски си постигна автогол.

Реми на Проект и Клими од 2:2 во Гегелија во меч каде домашниот тим преку новото засилување Наум Блажевски дојде до водство од 1:0 во 7. минута, а во 13. минута Тодор Андонов си постигна автогол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Давид Блажевски постигна гол за 2:1, а по две минути Мартин Никовиќ ги постави конечните 2:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2....

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!