Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Саса одлично тргна во пролетниот дел – „рударите“ победнички во Радовиш за скок на табелата!

Сподели
Сподели

Екипата на Каменица Саса која во претходната сезона буквално во последното коло го избори опстанокот во Втората лига, ова сезона тимот е во една сосема друга слика. Борба за горниот дел од табелата, борба за што подобар пласман на табелата и засега на „рударите“ од Македонска Каменица им оди одлично.

Саса вчера запиша голем триумф во Радовиш против Детонит Плачковица, со резултат од 1:2 можеби резултатски тоа не е голема победа, но Саса сега е во позиција каде се проби до петтото место на табелата на осум бодови од бараж зоната. Двоен стрелец во победата на Саса беше Кристијан Чурлинов, кој имаше маестрален меч во Радовиш.

Дека за бараж Саса ќе се бори ќе биде тешко, тоа е факт, но дека тимот тргна одлично во пролетниот дел и дека сака да заврши што е можно повисоко на табелата е тоа е факт.

„Рударите“ имаат пет бодови од четвртото место каде што е Арсими, па за Саса тоа е мотив ако може да се избори и за четврто место на табелата.

Одличната игра и желбата кај фудбалерите е голема, Градскиот стадион во Македонска Каменица е суспендиран на два натпревари, претходно Саса како домаќин со Кожуф играше во Турново, а така ќе биде и против Брегалница.


Е токму штипјани се тие кои следното коло ќе играат со Саса на стадионот „Кукуш“ во Турново, каде „сините“ од Штип ќе бидат во многу неизвесна и тешка ситуација, а Саса е дополнителна мотивирана за триумф против Брегалница, особено поради поразот во Штип, каде „сините“ победија со пенал за кој Саса тогаш реагираше дека не било пенал. Како и да е „рударите“ се на добар пат за одличен резултат сезонава, со најава во следните сезони екипата да се бори за местата кои водат кон Прва лига.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА АТМОСФЕРАТА ВО РАДОВИШ И РАДОСТА КАЈ ФУДБАЛЕРИТЕ НА КАМЕНИЦА САСА:

Радоста и среќата кај фудбалерите на Каменица Саса вчера беше многу голема, а во своите редовите го имаат и вториот најдобар стрелец во лигата, тоа е Андреј Симевски со десет гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!