Прва лигаФудбал

Работнички до минималец, Шкендија слави убедливо против Силекс, Пелистер го реши Тиквеш!

Сподели
Сподели

Денес се комплетираше 20. коло од Првата македонска фудбалска лига, а во рамки на денешните натпревари Работнички забележа минимална победа од 1:0 над Воска Спорт со голот на Анес Рушевиќ, кој стрелаше во 56. минута.

Шкендија забележа голема победа над Силекс од 4:2 во Тетово и направи голем чекор кон титулата со тоа што тетовци се осамени на врвот со три бода повеќе во однос на Работнички кој сега се проби до второто место.

Ади Алиќ по пет минути игра дојде до водство од 0:1, а потоа Ване Крстевски постигна гол за 1:1 веќе во 10. минута. Во вториот дел двете екипи тргнаа со цел да напаѓат за втор гол, но овој пат прва погоди Шкендија за 2:1 и пресврт преку Флорент Рамадани.

Во 77. минута искусниот и најдобар стрелец Бесарт Ибраими стрелаше за 3:1, а во 82. минута Бојан Рајков постигна гол и ја врати неизвесноста при 3:2. Сепак во 86. минута Лиридон Латифи постигна погодок за 4:2 и решавање на сите дилеми за денешниот победник во Тетово.

Брера Струмица загуби на домашен терен од Шкупи со 1:2, откако Аворнуо постигна гол за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Имери постигна гол за двојна предност од 0:2, а во 82. минута Ѓоргиевски постигна гол за конечни 1:2.

Соочувањето меѓу Беса и Гостивар заврши без победник, но и без погодоци (0:0) за поделба на бодовите.

Пелистер го освои Кавадарци откако преку пресврт со 1:2 славеше над Тиквеш во „братското дерби“ со што трите бодови заминаа во Битола.

По 0:0 во првиот дел во второто полувреме Даниел Миловановиќ постигна гол за 1:0 и водство на Тиквеш во 64. минута. Сепак, за кавадаречкиот тим следуваше шок во финишот, откако Јорданчо Наумоски во 85. минута погоди за 1:1, а веќе во 88. минута Александар Ристевски погоди за конечни 1:2.

Вчера, Вардар преку Закариќ и Мато со 0:2 славеше над шампионот Струга Трим Лум.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!