Втора лигаФудбал

Сашо Дуков го реши натпреварот – триумф за Кожуф во дербито на Југот со Вардарски!

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Кожуф со минимални 1:0 славеше против Вардарски во дербито на Југот во Гевгелија, а во рамки на 17. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Искусниот фудбалер Сашо Дуков одново носи бодови за својот тим, откако го постигна победничкиот гол вреден три бодови за тимот на Кожуф.

Дуков и во претходното коло постигна гол во финишот против Саса за 1:1, тој стрелаше во против својот поранешен клуб, а од таа ситуација Кожуф извлече бод.

Вардарски со само пет бодови сега останува „забетониран“ на дното од табелата и шансите ги гледа само кон баражот за можен опстанок, а пак Кожуф сега прогреси на табелата до осмото место на табелата со 26 бодови, а толку има Детонит Плачковица кој е седми и Скопје кој е шестти.

Дуков во тековната сезона има постигнато осум погодоци, шест во дресот на Охрид и сега два во дресот на Кожуф, односно Дуков има фантастичен ефект, стрелаше на двата натпревари за неговиот нов клуб од Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!