Кошарка

Мега дерби на Ангели и Црн Дрим, ланскиот прволигаш Охрид го чека Соколи

Сподели
Сподели

Овој викенд се играат натпреварите од 15. коло на Втората кошаркарска лига. Лидерот Соколи ќе гостува кај ланскиот прволигаш Охрид, овој меч за штипјани е важен со цел да го сочуваат првото место ќе треба да се вратат непоразени.

Борец Баскет на домашен терен како фаворит ќе го пречекат составот на МЗТ Скопје Уни Банка, а пак Маџари на домашен терен како голем фаворит ќе игра против Струмица, каде се очекува триумф за домашниот тим кој напаѓа за Прва лига.

Израмнет натпревар се очекува меѓу Мега Баскет и Водно Санс, каде домаќинот бара шестта радост, а гостинот петто сезонско славје.

Дербито на колото ќе го одиграат Ангели и Црн Дрим, директен дуел на две екипи кои се конкуренти на патот кон Првата лига, а пак Бутел ќе игра со последнопласираниот Работнички 2018, каде Бутел ќе биде фаворит.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!