Втора лигаФудбал

Дерби на Југот: „Фенерџијата“ Вардарски го очекува тешко гостување кај Кожуф!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во сабота ќе се одиграат натпреварите од 17. коло на Втората фудбалска лига, а ова рунда ни го носи и дербито на Југот меѓу Кожуф и „фенерџијата“ Вардарски од Богданци. Ова ќе биде натпревар и за престиж, но пред се за опстанок на Вардарски, ова ќе биде натпревар во кој Вардарски оди на се или ништо бидејќи и нема што да загуби.

Во првото пролетно коло Вардарски на домашен терен беше декласиран со 0:3 во Скопје, а дали беше само лош ден или не доволнo подготвена екипа и дали Вардарски е подготвен за опстанок ќе покаже натпреварот во сабота. Практично, пораз за Вардарски ќе значи три чекори назад во трката за директен опстанок, затоа ќе биде потребна победа со што Вардарски ќе биде сигурен за бараж, а ќе се надева барем за тоа 13-то место и директен опстанок, но и тоа ќе биде некако тешко, ако го погледнеме првиот пролетен натпревар.

Дали Вардарски е подготвен за опстанок ќе покаже мечот во сабота, а првото соочување заврши со 1:3 со триумф на Кожуф, откако Вардарски прв поведе на Градскиот стадион во Богданци, а потоа Кожуф направи комплетен пресврт.

Кожуф е во променет лик во однос на есенскиот дел, но секако по квалитет Кожуф е далеку поквалитетен тим во однос на тимот од Богданци, тоа секако е предност за домаќинот, а дополнително предност ќе биде и домашниот терен и публиката. Двете екипи имаат нови тренери, Славчо Георгиевски – Тупан е нов тренер на Кожуф, а пак Ставре Ташев е нов тренер на Вардарски. Тимот од Богданци најмногу менуваше во ростерот, а многу промени и тимот на Кожуф.

Ќе има ли второлигашки фудбал во Богданци и следната сезона откако овој мал град од Југот на Македонија чекаше 27 години за Втора лига или од следната сезона во Богданци одново ќе се гледааат натпревари од Трета лига – Исток?

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија и по само една сезона се враќа во елитното друштво. Поранешниот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

КупФудбал

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории

Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!