Трета лигаФудбал

Ананиев ќе им суди на Малеш и Слога Виница, Петковски главен во Струмица

Сподели
Сподели

Викендот ќе започне новата сезона во Третата фудбалска лига – Исток со натпреварите од 1. коло. Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од воведното коло.

Борче Коцев патува во Дојран каде ќе им суди на Дојранско Езеро и Хоризонт Турново, Тоше Џамов ќе ја дели правдата на мечот меѓу Карбинци и Ударник од Пиравата, Иван Јанев ќе биде главен во Свети Николе каде ќе играат Овче Поле и Светлост од Зрновци.

Дербито на колото меѓу Малеш и Слога Виница ќе го суди Александар Ананиев од Кочани, додека пак Блаже Петковски од Миравци ќе биде главен во Струмица каде ќе играат Тиверија и Брегалница од Делчево.

Сите натпреварите се играат во недела со почеток од 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Дојранско Езеро – Хоризонт Турново, Борче Коцев (Радовиш)
Карбинци – Ударник, Тоше Џамов (Кочани)
Овче Поле – Светлост Зрноци, Иван Јанев (Штип)
Малеш – Слога Виница, Александар Ананиев (Кочани)
Тиверија – Брегалница Делчево, Блаже Петковски (Миравци)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!